Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Филхармониите од Скопје, Софија и Солун со „Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градски парк – бесплатен концерт под отворено небо

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија под отворено небо ќе се одржи на 20 јуни во Градскиот парк, со почеток во 21 часот, кога публиката ќе има можност бесплатно да ја проследи изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на здружените оркестри од Скопје, Софија и Солун. Трите филхармонии на концертот ќе […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија под отворено небо ќе се одржи на 20 јуни во Градскиот парк, со почеток во 21 часот, кога публиката ќе има можност бесплатно да ја проследи изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на здружените оркестри од Скопје, Софија и Солун.

Трите филхармонии на концертот ќе настапат под диригентство на Најден Тодоров, со солистите Ана Дурловски (сопран), Николас Спанос (тенор) и Иво Јорданов (баритон), како и хорот на Македонската опера и балет, детскиот хор „Пиколо“ од Музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“ и детски хор од музичко училиште во Солун.

На денешната прес-конференција, министерот за култура и туризам Зоран Љутков нагласи дека концертот има посебно значење како симбол на културно поврзување во регионот.

Реклама

– И во време кога светот се соочува со многубројни предизвици и падови, културата останува еден од најсилните простори за дијалог, соработка и приближување на народите. Токму затоа, со особено задоволство денес го најавуваме настанот, кој повторно ќе ги обедини Скопје, Софија и Солун во едно големо музичко доживување. Под отворено небо ќе се одржи концертот во Градскиот парк на Македонската филхармонија, заедно со Софиската и Солунската филхармонија, каде ќе биде изведена величествената „Кармина Бурана“. Особено ме радува фактот што овој концерт ќе биде своевиден подарок за граѓаните, бидејќи ќе биде отворен, бесплатен и традиционален настан… Убеден сум дека на 20 јуни ќе бидеме сведоци на вечер која долго време ќе остане во нашите сеќавања – рече Љутков, додавајќи дека заедничкиот настап е уште една потврда дека културата ги надминува границите и ги обединува народите.

Директорот на Државната филхармонија од Солун, Симос Папанас, истакна дека соработката е резултат на повеќегодишна иницијатива за поврзување на музичките институции од Балканот.

– Идејата беше да изградиме мостови на соработка меѓу музичките средини на Балканот. Цврсто веруваме дека во нашиот регион има огромен музички потенцијал и многу талент. Но, една од слабостите во нашето соседство е тоа што сè уште не сме научиле доволно добро да соработуваме едни со други.И тоа мора да се промени. Дозволете ми да ја споделам мојата желба дека еден ден ќе можеме да соработуваме толку силно што Балканот ќе стане една од главните сцени за класичната музика. И ќе биде подеднакво значајно за еден уметник да каже дека оди на балканска турнеја, како што е да оди на турнеја во Германија или во Америка – истакна Папанас.

Сопранистката Ана Дурловски го потенцираше значењето на културната дипломатија и уметничкото поврзување. Таа истакна дека токму овој проект е вистински пример за тоа „што можеме да постигнеме и колку треба заеднички да работиме за да ја искористиме оваа алатка за поврзување“

– Суштината е во градењето мостови таму каде што политиката понекогаш поставува граници. Од срце се радувам на нашите пријатели кои ќе дојдат следната недела – навистина станува збор за искрено пријателство. Би кажала дека оваа соработка и ова заедничко создавање треба да продолжи и понатаму. Тоа што ќе се случи на овој концерт ќе биде навистина величествено, затоа што го носи искуството од Софија и од Солун, топлината и енергијата што ги разменивме, креативноста што ја донесовме. Ова повторно ќе биде нешто ново – во величествен отворен простор, што ќе донесе едно навистина уникатно доживување – рече Дурловски.

Концертмајсторот на Македонската филхармонија, Владимир Костов, нагласи дека музиката има универзална моќ на поврзување и таа допира до секој човек, без разлика од каде потекнува или на кој јазик е напишана.

– Кога учествуваме на сцена со луѓе од различни средини и држави, ја доживуваме музиката на еден посебен начин, кој навистина е тешко да се опише. Универзалноста на музиката не бара да се разбираме на ист јазик – доволни се нотите пред нас, кои ги претвораме во звук што публиката го слуша. Тоа чувство не може да се опише со зборови. Овие соработки се едни од оние што со нетрпение ги очекувате да започнат, а не сакате никогаш да завршат. А кога ќе завршат, остануваат во сеќавање цел живот – порача тој.

Концертот доаѓа во Скопје по претходните изведби во Софија и Солун.