Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ги лажеа граѓаните за нов Клинички центар а оставија хаос и го уништија здравството

СДСМ и Филипче ги лажеа граѓаните за нов Клинички центар а оставија хаос и го уништија здравството, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради и инвестира во здравствениот систем. Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Филипче ги лажеа граѓаните за нов Клинички центар а оставија хаос и го уништија здравството, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради и инвестира во здравствениот систем. Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа.

Додека Филипче ветуваше модерен здравствен комплекс, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДСМ и Филипче имаше само сомнежи за наместени тендери, привилегирани компании и милионски зделки.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ остави готов проект за нов Клинички центар со обезбедени 128 милиони евра. Доколку проектот беше реализиран, граѓаните ќе имаа современ Клинички центар уште во 2021 година.

Наместо реализација, СДСМ и Филипче го закочија проектот и почнаа да пласираат нови ветувања и нови суми, без конкретна реализација. Од 128 милиони евра стигнаа до најави за проект од 500 милиони евра, но без ниту една лопата на терен.

Со СДСМ и Филипче граѓаните не добија нов Клинички центар. Не добија подобро здравство. Не добија подобри услови за лекување.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово.

За новиот клинички центар се разгледува локација кај базенот „Борис Трајковски“, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс. Таа локација е на два булевари, пристап до гас, блиску до обиколницата. Тоа значи дека не само за главниот град и Македонија, туку може и од соседните држави да привлекуваме пациенти кои ќе ги користат услугите на тој ултра модерен клинички центар.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во здравството, здравствените работници и се грижи за граѓаните. Времето на измами и лажни ветувања заврши.