Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

ДОМ: Итно повлекување на законските измени и отворање на широка јавна дебата за одобрување на изградба на дата-центри

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) најостро реагира на начинот на кој во Собранието помина првиот филтер за измените во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, скроени по мерка на инвеститорите во дата-центри, се вели во соопштението од ДОМ. Сметаме дека е апсолутно недозволиво зад затворени врати да се воведуваат нови исклучоци и рокови […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) најостро реагира на начинот на кој во Собранието помина првиот филтер за измените во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, скроени по мерка на инвеститорите во дата-центри, се вели во соопштението од ДОМ.

Сметаме дека е апсолутно недозволиво зад затворени врати да се воведуваат нови исклучоци и рокови во овие закони. Под изговор дека се работи за инфраструктура за дигитални податоци, власта воведува скандалозни, максимално скратени рокови со цел целосно да ја исклучи јавноста и локалното население од одлучувањето: 

Манипулација со роковите за јавен повик: новиот предлог-закон за урбанистичко планирање предвидува општиот јавен повик за јавна презентација да се објави во времетраење од „најмногу пет дена пред денот на одржувањето“. Оваа формулација „најмногу“ остава простор за законски манипулации – повикот може да се објави само еден или два дена претходно, со што на граѓаните намерно им се скратува било каков разумен рок да реагираат, да подготват и достават забелешки. 

Реклама

Скратена јавна презентација: самата јавна презентација е ограничена на „најмногу 10 дена“, што е драстично кратење на просторот за дебата ако се земе предвид дека се работи за масивни капацитети со огромно потенцијално штетно влијание  врз животната средина. 

Одземање на ингеренциите на општините: со класифицирањето на дата-центрите како „градби од прва категорија“ (класа Г4.7), одлучувањето и одобренијата целосно се префрлаат на централно ниво (Влада и министерства). Со ова, локалното население и матичните општини се целосно исклучени и се сведуваат само на набљудувачи за нешто што ги засегнува директно нив на локално ниво. 

ДОМ ја потсетува јавноста дека овие дата-центри, посебно со вакви законски измени ќе направат пустош во нашиот систем: 

критична потрошувачка на вода: дата-центрите бараат непрекинато ладење, што значи трошење на милиони литри вода дневно. Во денови кога се соочуваме со сушни периоди, и кога многу населени места немаат приатап до вода, недозволиво е питката вода да се пренасочува за приватни сервери;

преоптоварување на потрошувачката на електрична енергија: системите работат 24/7 и вршат енормен притисок врз електро-енергетската мрежа. Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја и ќе бидат соочени со сериозни потенцијални прекини во снабдувањето заради преоптоварување на локалната мрежа, за некој да профитира од дигитални складишта;

речиси никаков ефект на пазарот на труд: овие гигантски објекти се високоавтоматизирани системи во кои се сместени само сервери и машини. Со други зборови тие не генерираат нови работни места на долг рок и немаат никаков позитивен ефект врз вработувањето. Приказната дека со нив се развива економијата треба сериозно да се анализира и преиспита – по завршувањето на градежните работи таму остануваат да работат мал број луѓе од техничко обезбедување и одржување. 

ДОМ бара итно повлекување на овие законски измени и отворање на широка јавна дебата за прецизно дефинирање на критериумите под кои евентуално би се граделе ваков тип на објекти, со примарен акцент на нивното влијание врз животната средина. Технолошкиот напредок не смее да се спроведува со уривање на урбанизмот, кршење на правата на граѓаните и загрозување на најважните ресурси како што се водата и електричната енергија.