Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Урбана уметничка акција „Удри на спорт, не удирај по врсниците“ посветена на намалување на врсничкото насилство

Во рамки на акцијата „Удри на спорт, не удирај по врсниците“, посветена на намалување на врсничкото насилство на Центарот за современи уметности поставени се десетина боксерски вреќи на фреквентни локации и спортски маалски игралишта низ Скопје, на места каде младите најчесто го поминуваат своето слободно време. На вреќите, како што информираат, испишани се пораки како: […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на акцијата „Удри на спорт, не удирај по врсниците“, посветена на намалување на врсничкото насилство на Центарот за современи уметности поставени се десетина боксерски вреќи на фреквентни локации и спортски маалски игралишта низ Скопје, на места каде младите најчесто го поминуваат своето слободно време.

На вреќите, како што информираат, испишани се пораки како: „Удри во вреќата, не во човекот“, „Остави го ударот овде“ и „За удирање – вреќа. за луѓе – почит“, со кои се поттикнува размислување за последиците од насилството и да се  охрабруваат младите својата енергија да ја насочат кон спорт, креативност и други позитивни активности.

Уметничката акција има за цел наместо насилство, навреди и физички пресметки, да ги поттикне младите својата енергија да ја насочат кон спорт, креативност и други позитивни активности кои придонесуваат за личен развој и градење здрави односи.

Реклама

-Свесни сме дека десетина боксерски вреќи не можат да го решат проблемот со врсничкото насилство, но веруваме дека можат да го свртат вниманието кон него за да не го заборавиме дека постои и дека е околу нас и да поттикнат поширока општествена дебата. Со оваа акција сакаме да ги охрабриме младите, родителите, образовните институции, локалните власти и државните институции посериозно да се посветат на овој проблем и заеднички да создаваат повеќе можности за спорт, култура, креативност и квалитетно поминување на слободното време како алтернатива на насилството кај младите – стои во соопштението од Центарот за современи уметности.

Спортот, културата и креативноста не се само хоби – тие се алатки преку кои младите можат да изградат самодоверба, почит и здрави модели на однесување.