Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Алиу: Здравјето нема цена и нема алтернатива – законот за заштита од употреба на производи од тутун помина во прво читање на пленарна седница

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието. Ова е уште еден важен институционален чекор кон посилна заштита на јавното здравје, особено на децата, младите, непушачите и сите граѓани кои имаат право на здрав и безбеден јавен простор. Законот ја следи […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието. Ова е уште еден важен институционален чекор кон посилна заштита на јавното здравје, особено на децата, младите, непушачите и сите граѓани кои имаат право на здрав и безбеден јавен простор.

Законот ја следи реалноста на денешното време, во кое, покрај класичните цигари, постојат електронски цигари, загреани тутунски производи и нови форми на никотински производи, кои бараат современа и јасна регулатива, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Тутунот е поврзан со над 3.600 смртни случаи годишно, а економските загуби се проценуваат на над 600 милиони евра годишно. Особено загрижувачки се статистичките податоци, кои покажуваат дека 13,6 % од младите од 13 до 15 години користат тутунски или никотински производи, 57 % од учениците се изложени на туѓ чад во затворени јавни простори, а 73 % од младите пушачи изјавиле дека не биле спречени да купат цигари поради возраста.

Реклама

Овој закон е за здравјето на граѓаните и за иднината на нашите деца. Со него се воведуваат појасни правила за терасите, поголема заштита во здравствените, образовните и детските установи, ограничувања за пушење во присуство на деца, како и сеопфатна забрана за рекламирање и промоција, вклучително и преку онлајн-платформите и социјалните мрежи. Здравјето нема цена и нема алтернатива, додава министерот Алиу.

Воедно, тој додава дека зад изготвувањето на ова законско решение стои макотрпен, инклузивен и исклучително одговорен процес на широки консултации со сите засегнати страни и чинители во рамките на кој беа одржани 7 работни состаноци со тутунската индустрија, 5 состаноци со угостителскиот сектор, усогласувања со државните институции и со дури 14 инспекциски и надзорни органи. Воедно, преку ЕНЕР беа детално разгледани 58 коментари од граѓани, трговци и експерти.