Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Истанбул, каде што ќе учествува на бизнис-форум посветен на бизнис-соработката меѓу Македонија и Турција. – Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на завршната церемонија на бизнис-форумот, која ќе почне денеска напладне. Посетата ќе биде искористена и за политички средби значајни за двете држави – […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Истанбул, каде што ќе учествува на бизнис-форум посветен на бизнис-соработката меѓу Македонија и Турција.

– Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на завршната церемонија на бизнис-форумот, која ќе почне денеска напладне. Посетата ќе биде искористена и за политички средби значајни за двете држави – најави владината прес-служба. 

Во состав на владината делегација ќе бидат и вицепремиерите Александар Николоски и Беким Сали, министрите за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за економија и труд, Бесар Дурмиши, за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Гоце Димовски.

Реклама

Владината прес-служба најави дека на форумот ќе учествуваат високи владини претставници, стопанственици и инвеститори од двете земји, а фокусот ќе биде ставен на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, привлекување нови инвестиции, унапредување на инфраструктурното поврзување, енергетската соработка и развојот на заеднички проекти од стратешко значење.

Во рамките на програмата предвидени се тематски панели посветени на трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување, како и на инфраструктурата, логистиката и инвестициите, на кои ќе учествуваат членовите на македонската владина делегација.

Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на завршната церемонија на бизнис-форумот, која ќе почне денес напладне. Посетата ќе биде искористена и за политички средби значајни за двете држави, најавуваат од Владата.