Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија

Од денеска граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри во автошколи кои имаат лиценца за „А1“ категорија, откако Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни предуслови за имплементација на законските измени. Од МВР информираат дека обуката за управување со мотоцикл од категоријата „А1“ (до […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри во автошколи кои имаат лиценца за „А1“ категорија, откако Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни предуслови за имплементација на законските измени.

Од МВР информираат дека обуката за управување со мотоцикл од категоријата „А1“ (до 11 kW со автоматски менувач) ќе ја спроведуваат овластени автошколи и ќе трае четири часа.

Обуката ќе опфати теми од значење за безбедноста во сообраќајот, како што се користење на заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот.

Реклама

Кандидатите, како што наведуваат од МВР, треба да достават лекарско уверение, како и потврда дека немаат забрана за управување со моторно возило од категорија „Б“.

– Доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија, тоа автоматски повлекува и забрана за управување со мотоцикл со оваа потврда – соопштуваат од Министерството.

Правото за следење на обуката се однесува на лица кои имаат најмалку 23 години и поседуваат најмалку пет години важечка возачка дозвола од категоријата „Б“.

Од МВР потенцираат дека управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри не е дозволено без претходно завршена теоретска обука и издадена потврда од овластена автошкола.