Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Муцунски ќе учествува на бизнис-форум во Истанбул

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на бизнис-форумот Македонија – Турција. Форумот, како што соопшти МНРиНТ, организиран од владите на двете земји, ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на бизнис-форумот Македонија – Турција.

Форумот, како што соопшти МНРиНТ, организиран од владите на двете земји, ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства. На настанот се очекува учество на голем број компании од двете земји, кои ќе реализираат B2B и B2G-средби.

Бизнис-форумот ќе го отворат министерот Муцунски и неговиот хомолог, министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат.

Реклама

На маргините на форумот министерот Муцунски ќе оствари билатерална средба со министерот Болат, на која се очекува да стане збор за економските односи меѓу двете земји, можностите за натамошно зголемување на трговската размена, привлекувањето инвестиции, како и за унапредувањето на севкупната економска соработка, се додава во соопштението.

– Настанот претставува значајна можност за продлабочување на економските врски меѓу Северна Македонија и Турција, како и за воспоставување нови деловни контакти и партнерства меѓу компаниите од двете држави – нагласуваат од МНРиНТ.