Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Милошоски гостин во вестите на Алфа: Јотова го демаскираше Филипче, дека Бугарија има само едно барање кон Македонија

Претседателката на Бугарија само го повтори она кое што веќе го знаевме, а тоа е дека уставните измени се само почеток на бугарските барања, кои ќе доаѓаат на европскиот пат на Македонија. Околу најновите случувања на оваа тема, гостин во вестите во 20:15 на Алфа беше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател на Собранието и поранешен министер […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Бугарија само го повтори она кое што веќе го знаевме, а тоа е дека уставните измени се само почеток на бугарските барања, кои ќе доаѓаат на европскиот пат на Македонија. Околу најновите случувања на оваа тема, гостин во вестите во 20:15 на Алфа беше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател на Собранието и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Антонио Милошоски. Според него, она што го порачала Илијана Јотова, целосно ги демаскира тезите на Венко Филипче.

-Изјавите на претседателката на соседна Бугарија за нас не се новост, бидејќи предупредувавме и во 2020-та и 2022-ра година, дека сепак потпишувањето на анексот 1 и 2 на протоколите, кои што беа потпишани од Бујар Османи и тогашната Влада на Димитар Ковачевски, овозможуваат и даваат можност на Бугарија да ги надополнуваат само своите барања. И фактички оваа изјава ги демаскира условно кажано тезите на претседателот на опозицијата Венко Филипче, кој што манипулативно кажува дека Бугарија има едно барање и дека тука завршува се, изјави Милошоски.

Сепак според Милошоски, добро е што има средби, како на билатералната меѓу Сиљановска Давкова, така и средбите на Мицкоски со канцеларот на Германија, Фридрих Мерц и претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Реклама

-Но во секој случај сметам дека средбите кои што ги направи претседателката и министерот Муцунски се за поздравување, бидејќи треба да се одржи дијалогот, дури и во услови кога има некое недоразбирање и кога има различни позиции. Втората работа што мислам дека охрабрува се личните и директни средби на премиерот со неговиот колега Мерц, канцеларот на Германија, исто така и со францускиот претседател Емануел Макрон, и оптимизмот на премиерот дека овие двајца челници од овие влијателни земји на Европската Унија, сепак покажуваат интерес, по однос на ова прашање да дадат своја помош и да дадат поддршка како да се придвижи процесот треба да се цени. И треба нашата дипломатија и политичките лидери да најдат начин како да се биде попрагматичен. Се надевам дека во следниот период ќе успееме таков прагматизам да видиме и од соседна Република Бугарија, што во моментов не е баш нивниот пристап таков, изјави Милошоски.

Според Милошоски, Македонија мора да инсистира на гаранции за јасен и предвидлив крај на евроинтегративниот процес.   

-Македонија во секој случај ако сака сериозно да се движи по патот на европските интеграции, прво што е најважно е да има извесност дека тој пат ќе води до целта. Би било многу лекомислено да се отпочне патот со правење на непринциелни национални отстапки, истиот да заврши со втора, трета или четврта блокада, кратко после тоа, затоа сметам дека е логично, издржано барањето, позицијата, аргументираниот став на македонското раководство, да имаме извесност на патот на европските интеграции, особено сега во прилики кога најголемите земји членки на Европската Унија, нудат модел на интегрирање, приближување кон Европската Унија, без полноправно членство во случаите на повеќе земји кандидатки, но сепак со интегрирање во значајни области на Европската Унија и затоа ценам дека она што најмногу ни е потребно во овој момент е на домашно ниво да немаме меко ткиво, на домашно ниво да немаме релевантни политички субјекти, кои ја спуштаат цената на градењето на една заедничка национална позиција, која што треба да биде релевантна и за Берлин, и за Париз, и за Софија и за другите земји членки на ЕУ, за да може како кредибилна позиција да биде подобра преговарачка позиција за еден прагматичен однос, изјави Милошоски.

Според Милошоски, јасно е дека Јотова со својата порака се заканува за можни нови вета во иднина.

-Ова е нешто што тие го повторуваат во изминативе пет- шест години, од страна соседна Бугарија без разлика која политичка опција била на чело на извршната власт во Бугарија, но некои политичари во Македонија се обидувале да не го слушнат, тоа што доаѓа како отворена и јасна порака. Во секој случај сметам дека ние треба да бидеме реалисти и врз основа на таков еден реализам да пробаме да изградиме попрагматичен однос со челните земји во Европската Унија, изјави Милошоски.

Со Милошоски разговараше Матеја Петровски