Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСM македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска повторно покажа дека за СДСM македонскиот јазик е само тема за прес-конференции и политички маркетинг, а не за вистинска работа, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешните ставови на Костадиновска-Стојчевска од СДСМ. Додека таа патуваше низ светот со државни пари, наместо да ја врши својата основна пратеничка работа во Собранието, Министерството […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска повторно покажа дека за СДСM македонскиот јазик е само тема за прес-конференции и политички маркетинг, а не за вистинска работа, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешните ставови на Костадиновска-Стојчевска од СДСМ.

Додека таа патуваше низ светот со државни пари, наместо да ја врши својата основна пратеничка работа во Собранието, Министерството за култура и туризам во рамките на своите законски ингеренции работеше конкретно и системски. Резултатите се видливи, и покрај сите административни и процедурални пречки што ги остави претходната власт.

Законот за употреба на македонскиот јазик беше донесен во јануари 2024 година токму со поддршка на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а не со ентузијазам од СДСM. По сите неопходни собраниски процедури, во јули 2025 година започна со работа Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик – прв ваков орган во историјата на државата. Помалку од една година подоцна, веќе тече постапката за вработување на петмина инспектори по македонски јазик, кои ќе поминат и соодветна обука за лиценцирање.

Реклама

Во тек е прибирањето на детални податоци од сите државни органи за вработените лектори и степенот на почитување на Законот, по што Инспекторатот ќе преземе конкретни мерки. Формирана е и работната група за Националната стратегија за македонскиот јазик, која активно работи.

Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, наместо да ја барате надзорната расправа со ургенции и театар, подобро беше да останевте во Скопје и да ја вршевте својата работа. Тогаш можеби надзорната расправа ќе беше одржана уште во март, кога ја најавивте. Очигледно, патувањата беа поважни.

Македонскиот јазик не е „политичка битка“ како што велите, тој е државна и национална обврска. Ние ја работиме таа обврска сериозно и институционално, а не со прес-конференции и обвинувања. 

Резултатите доаѓаат преку работа, а не преку патувања и политички спектакли.Време е за вистински национален став, а не за партиски игри и лицемерие.