Александар Вучиќ најави дека во наредните три до четири месеци ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија. Тој посочи дека размислува за кандидатура за премиер и најави дека наскоро ќе биде претставена листата на неговата партија за претстојните парламентарни избори.
Вучиќ додаде дека изборите ќе се одржат за неколку месеци, но не во јули и август, нагласувајќи дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите наредни чекори и одлуки поврзани со изборниот процес.
