Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Започна асфалтирањето на патот кон Папурица во каменички Костин Дол

Во село Костин Дол денеска започна асфалтирањето на патот кон месноста Папурица, проект што претставува значаен чекор во подобрување на патната инфраструктура во овој дел од општината. Како што информира градоначалничката Соња Стаменкова, станува збор за долгогодишна потреба на жителите, која конечно се реализира со цел да се обезбеди подобра поврзаност и поквалитетни услови за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во село Костин Дол денеска започна асфалтирањето на патот кон месноста Папурица, проект што претставува значаен чекор во подобрување на патната инфраструктура во овој дел од општината.

Како што информира градоначалничката Соња Стаменкова, станува збор за долгогодишна потреба на жителите, која конечно се реализира со цел да се обезбеди подобра поврзаност и поквалитетни услови за секојдневниот живот.

– Продолжуваме да градиме инфраструктура што ги поврзува луѓето и создава подобри услови за живот во секое населено место. Овој проект е уште еден доказ за нашата посветеност кон рамномерен развој – изјави Стаменкова.

Реклама

Со реализацијата на овој зафат се очекува да се подобри безбедноста во сообраќајот, да се олесни пристапот до населеното место и да се создадат услови за понатамошен локален развој.

Од Општината нагласуваат дека инвестициите во патната инфраструктура остануваат приоритет, со цел да се обезбедат видливи резултати и трајни придобивки за граѓаните.

Локалната самоуправа најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со реализација на слични проекти, насочени кон подобрување на квалитетот на живот и развојот на сите населени места во Општина Македонска Каменица.