Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Преземени мерки за справување со пожарите, воздухопловите и возилата сервисирани навреме, вели Мицкоски

– Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги презела сите мерки за справување со евентуални пожари сезонава. Сите три воздухоплови, вели тој, се сервисирани навреме, како и воените возила што минатата година беа пренаменети за справување со пожари. Со заклучок на Владата од 1 јули ќе се воведе забрана за движење низ шумите, а општините […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги презела сите мерки за справување со евентуални пожари сезонава. Сите три воздухоплови, вели тој, се сервисирани навреме, како и воените возила што минатата година беа пренаменети за справување со пожари. Со заклучок на Владата од 1 јули ќе се воведе забрана за движење низ шумите, а општините ги проверуваат капацитетите и евентуаните ризични локации. 

Мицкоски,  денеска во одговор на новинарско прашање посочи дека институциите се организираат укажувајќи дека високите тревни површини како резултат на дождливата пролет во наредниот период ќе бидат подложни на влијание од високите температури. 

– Да, сите три воздухоплови се сервисирани навреме. Не знам дали денеска конкретно, но до вчера информацијата беше дека се во Загреб – не можеа да полетат поради временските неприлики. Очекувам денеска, ако веќе и вчера не се стигнати. Направено е сервисирање комплетно на сите возила воени кои ги пренаменивме во возила за борба против огнените стихии. На Влада донесовме заклучок за забрана на движење во шуми од 1 јули,  општините добија инструкции преку ЗЕЛС, да се проверат сите колективни постапувачи, депонии и слично, дали ги исполнуват условите, ако не ги исполнуват, под итно да бидат санкционирани. Како Влада ги превземавме сите мерки, но факт е дека сезоната е таква каква што е, имавме прилично дождлива пролет, имаме голема висина на тревна површина. Сега доаѓаат денови кога ќе се зголемува температурата, таа тревната површина ќе се суши и нормално ќе биде подложена на ваков тип на влијание, изјави Мицкоски.

Реклама

Тој укажа на справувањето со пожарот од ноќеска над Штип,  којшто, како што рече, благодарение на силната организираност на доброволците, пожарникарите, градончалникот и локалната самоуправа, беше ставена под контрола во многу кратко време и беше комплетно изгаснат.