Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Екипите го санираат пожарот на депонијата „Краста“ во Кумановско

Изутрината, повторно имаше пожар на депонијата „Краста“, лоцирана на локалниот пат Куманово-Пчиња. Како што соопшти градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во моментов состојбата на депонијата е стабилна и активно се работи на нејзино санирање. – Во раните утрински часови повторно е дојдено до самоопожарување на јужната страна од депонијата поради ефектот на подземните гасови […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изутрината, повторно имаше пожар на депонијата „Краста“, лоцирана на локалниот пат Куманово-Пчиња. Како што соопшти градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во моментов состојбата на депонијата е стабилна и активно се работи на нејзино санирање.

– Во раните утрински часови повторно е дојдено до самоопожарување на јужната страна од депонијата поради ефектот на подземните гасови но со брза интервенција на дежурните екипи истата е санирана – соопшти Димитриевски.

Директорот на претпријатието, Сашо Томиќ, изјави дека во моментов повеќе екипи се на терен.

Реклама

Од граѓанската иницијатива „Еко Пчиња“, пак, реагираат дека продолжувањето со депонирање отпад на локација каде што има пожар претставува сериозен ризик за животната средина и здравјето на граѓаните. Тие наведуваат дека ваквиот пристап е неприфатлив и бараат итна интервенција од надлежните институции, инспекциските служби и локалната самоуправа.

Депонијата „Краста“, лоцирана на регионалниот пат Куманово-Пчиња треба да стане претоварна станица од каде сметот од Куманово ќе се носи во Свети Николе, преку проект финансиран од ЕУ во кој се вклучени општини од североисточниот и источниот регион. „Краста“ ќе стане збирна станица на која ќе се селектира отпадот и ќе се транспортира до регионалната депонија. Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12, 5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители.