Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Работна средба на студенти и професори од Универзитетот во Амстердам со Оливер Спасовски

Денеска, во Собранието се одржа работна средба помеѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и група студенти и професори од Универзитет во Амстердам, Холандија. Средбата се одвиваше во конструктивна и интерактивна атмосфера, при што студентите покажаа голем интерес за актуелните политички и општествени состојби во земјата. Во текот на разговорот беа отворени повеќе […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, во Собранието се одржа работна средба помеѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и група студенти и професори од Универзитет во Амстердам, Холандија.

Средбата се одвиваше во конструктивна и интерактивна атмосфера, при што студентите покажаа голем интерес за актуелните политички и општествени состојби во земјата. Во текот на разговорот беа отворени повеќе значајни теми, меѓу кои: односите со Бугарија, решението на спорот со Грција, евроинтегративниот процес на државата и Западен Балкан, членството во НАТО, предизвиците со кои се соочува опозицијата, меѓуетничките односи, како и прашања поврзани со младите и студентските политики.

Посебен акцент беше ставен на усогласувањето на националното законодавство со европската легислатива, како и на мерките и политиките за борба против корупцијата.

Реклама

На крајот од средбата, студентите и професорите изразија благодарност за можноста за отворен разговор, како и за одвоеното време и подготвеноста да се одговори на нивните прашања и интереси.