Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Беким Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Македонија кон Европската Унија

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали денеска ја отворил четвртата седница на Заедничкиот мониторинг-комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Македонија. Во своето обраќање министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали денеска ја отворил четвртата седница на Заедничкиот мониторинг-комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Македонија.

Во своето обраќање министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на реформите, модернизацијата на институциите и подготовката на државата за полноправно членство во Европската Унија.

– Европската интеграција е наша стратешка определба и визија за иднината. Реформите што ги спроведуваме не се само дел од пристапниот процес, туку инвестиција во посилни институции, поконкурентна економија и подобар квалитет на живот за нашите граѓани – истакнал Сали.

Реклама

Тој ја нагласил континуираната поддршка од Европската Унија и оценил дека во услови на нов политички моментум за проширувањето на ЕУ државата треба да продолжи со конкретни резултати и одржливи реформи.

На состанокот, како што информираат од  Министерство за европски прашања, е разговарано за напредокот во спроведувањето на програмите ИПА II и ИПА III, предизвиците во реализацијата на проектите, како и приоритетите за претстојниот период. Особено внимание било посветено на програмите во областа на транспортот, животната средина, човечкиот капитал и економскиот развој.

Министерот Сали нагласил дека Владата останува посветена на зајакнување на административните капацитети, подобрување на меѓуинституционалната координација и поефикасно искористување на европските фондови, со цел поддршката од ЕУ да се претвори во конкретни придобивки за граѓаните.

На крајот, тој упатил благодарност до Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија во Скопје и земјите членки за континуираната поддршка и партнерство во европската интеграција на Северна Македонија.