Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Резултатите во земјоделството ја демантираат политиката на СДСM

СДСM не излегува од криминалната матрица. Нивниот поранешен министер Николовски ќе биде запаметен по нерешените предмети, институционалниот хаос, наталожените проблеми, неисплатените плати и субвенции, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Во нивно време единствено цветаше криминалот. Вчера СДСM докажа дека ги боли работата и напредокот на земјоделството во Македонија. Во неполни 2 години, Владата предводена […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM не излегува од криминалната матрица. Нивниот поранешен министер Николовски ќе биде запаметен по нерешените предмети, институционалниот хаос, наталожените проблеми, неисплатените плати и субвенции, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Во нивно време единствено цветаше криминалот. Вчера СДСM докажа дека ги боли работата и напредокот на земјоделството во Македонија.

Во неполни 2 години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплати близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски кон земјоделците, ги зголеми субвенциите во сточарството, ги откочи заборавените проекти за кои државата во минатото плаќаше енормно високи камати, ги зголеми наводнуваните површини, се исчистија и реконструираа каналите кои беа заборавени 7 години, се обезбедија средства за инвестициски вложувања во шумарството и водостопанството, се обезбеди и бенефициран стаж за шумската полиција, се донесоа низа законски и подзаконски акти.

Економските показатели говорат јасно за успешните политики во земјоделскиот сектор. СДСM додека тоне во безидејност, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за модерно и конкурентно земјоделство. Земјоделците во оваа власт гледаат сигурен партнер кој работи за нив.