Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Не се само уставни измени: Бугарите во Устав само ќе ја отворат пандорината кутрија полна бугарски услови и уцени

Ставањето на Бугарите во Устав само ќе ја отворат пандорината кутија – следуваат акциски план, историска комисија, протоколи и 15-тина други услови. И тоа не ништо ново. Тоа е ветувањето и уцените што ги прифати владата на СДСМ и ДУИ уште во 2022 година, само што требаше да поминат 3-4 години за да тоа го […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ставањето на Бугарите во Устав само ќе ја отворат пандорината кутија – следуваат акциски план, историска комисија, протоколи и 15-тина други услови. И тоа не ништо ново. Тоа е ветувањето и уцените што ги прифати владата на СДСМ и ДУИ уште во 2022 година, само што требаше да поминат 3-4 години за да тоа го види цела Европа. Премиерот Мицкоски, останува цврсто на ставот дека уставни измени без гаранции за предвидлив крај на евроинтегративниот пат на Македонија, нема да има. Сепак, тој останува оптимсти за напредокот кон ЕУ, посебно по предлозите на Франција и Германија, со кои се бара излез од овој ќорсокак.

-Македонските граѓани мора да знаат дека не се само промена на Уставот и дел од бугарската зедница, не тоа е само почеток, тоа само ја отвораме пандорината кутија, следи Акцискиот план, следи работата на историската комисија, следи Протоколот 2, каде што работата на историската комисија е само едно од барањата, таму има можеби 15-тина нови барања што ние како држава мора да ги исполниме, изјави Мицкоски.

Додека Бугарија пред цела Европа зборува едно, очи во очи со Македонија има сосема друг речник. Па така, признанието дека не есамо „ајде уште уставните измени„ Јотова директно и го соопшила на претседаталката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова. По средбата, таа кажа дека Јотова и соопштила дека на бугарскиот список има серија други услови, како што се барањата поврзани со историјата. Според Мицкоски, токму работата на историската комисија, која пак е дел од вториот приотокол е најголеммиот проблем за Македонија.

Реклама

-За нив работата на историската комисија е суштинска. Да речеме, немаме исто гледање на идентитетските прашања, за нас Гоце Делчеве иднетитетот македонски, за нив е дел од бугарскиот идентитет, за нас Илинденското востание е дел од македонскиот идентитет, за нив не е, тоа е преображенско востание итн. Тоа се суштински прашања кои што за жал се присутни од 2022-рата, не се нови барања, изјави Мицкоски.

Од Кабинетот на Јотова, соопштија дека на Сиљановска Давкова и било посочено дека со прифаќањето на францускиот предлог, условите кои Македонија треба да ги исполни не се бугарски, туку сега се и Европски, дополнувајќи дека уставните измени се само дел до обврските.

Матеја Петровски