Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Кривична пријава за странски сопственик на правно лице за злоупотреба на постапка за јавен повик

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против лицето С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против лицето С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

-Пријавениот С.Г.О.Б. во својство на сопственик и управител на пријавеното правно лице, свесно и со намера ги повредил прописите поврзани со постапката за јавен повик за проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Кичево“, за кој во 2023 година бил склучен договор со Министерството за финансии на РСМ – Секторот за централно финансирање и склучување на договори во рамките на Секторска оперативна програма за животна средина и климатски акции за ИПА II (2014-2020), на начин што, иако бил должен во текот на неговата реализација да обезбеди важечка банкарска гаранција, како и да достави барање за одобрување на подизведувачи до договорниот орган, пријавениот, при извршувањето на договорот финансиран од Европската Комисија и Буџетот на РСМ, го прикрил стечајот на азербејџанската банка „Muganbank“ – која била издавач на банкарската гаранција, со што не ја открил околноста дека повеќе не располага со валидна гаранција, а истовремено ангажирал подизведувачи без претходно да обезбеди одобрение од Министерството за финансии и надзорниот орган, со што постапил спротивно на договорните обврски и условите за реализација на проектот, поради што договорот бил раскинат – се вели во соопштението.

Со горенаведените дејствија, како што посочуваат од Финансиска полиција, пријавените предизвикале штета на буџетот на Македонија во вкупен износ од 127.425.036 денари, како и штета по основ на загубени ИПА средства во износ од 9.474.132 евра, кои државата ќе треба да ги обезбеди од сопствени средства.