Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Алиу откри сериозни злоупотреби во здравството: Пациенти враќани од операции, на нивно место оперирани други лица

Пацинети пред операција биле враќани дома поради наводно лоша крвна слика, а на нивно место хирурзи оперирале други луѓе. Вработени доктори и медицински сестри во клиниките и болниците на закажани термини не се појавувале на работа. Министерот за здравство Азир Алиу на брифинг со новинарите, неофицијално откри низа злоупотреби во здравствениот систем. Тој добил бројни […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пацинети пред операција биле враќани дома поради наводно лоша крвна слика, а на нивно место хирурзи оперирале други луѓе. Вработени доктори и медицински сестри во клиниките и болниците на закажани термини не се појавувале на работа. Министерот за здравство Азир Алиу на брифинг со новинарите, неофицијално откри низа злоупотреби во здравствениот систем. Тој добил бројни поплаки од пациенти кои се жалеле дека морале да прават дополнителни приватни анализи за да се докаже дека имале поитреба од операции. Алиу најави чешлање и на Мој термин, бидејќи се утврдило дека во списоците имало и починати луѓе.

„Оди пациентот да се оперира го враќаат назад да направи нова крна слика, пациентот прави нова и излегува дека била добра“, вели министерот и додава дека е на добар пат да се среди проблемот со листите на чекање за операција.

Проблемот со нередовност на работните места, Алиу че го решава со системот за отпечаток со прст кој ќе биде задолжителен за цел персонал. Овој систем веќе функционирал во министерството, но и во некои од клиниките.

Реклама

„Мора да се реши административно, веќе е воспоставен системот на отисоци од прст, бидејќи законски и по договор докторите и медицинскиот персонал треба да бидат на работното место и со тоа да знаеме дека се на работа“, вели Алиу.

Алиу најави дека ќе се олеснуваат протоколите за добивање на туѓа нега. Луѓето со траен инвалидитет – нема да мораат да се појавуваат на секои шест месеци на лекарска Комисија, како што тоа беше пракса изминатите години.

Во однос на новиот Клинички центар, министерот е дециден дека на Македонија потребен и е нов модерен здравствен комплекс.Според него локацијата кај базенот Борис Трајковски што ќе се поврзе со ГОБ 8-ми септември е одличен избор и се надева дека со изградба на овој објект, ќе има позадоволни пацинети но и вработени во здравството.