Реклама
Македонија

Изгаснат пожарот над штипската населба Кадидере

Изгаснат е пожарот над градот Штип, потврди градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.  Пожарникарот водич во Територијалната Противпожарна единица-Штип Дарко Коцев вели дека околу полноќ кога пожарот е ставен под контрола, екипи на ТППЕ во текот на ноќта контролираа со цел повторно да не се разгорат пламените јазици. – Попладнето кога го добивме повикот за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изгаснат е пожарот над градот Штип, потврди градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. 

Пожарникарот водич во Територијалната Противпожарна единица-Штип Дарко Коцев вели дека околу полноќ кога пожарот е ставен под контрола, екипи на ТППЕ во текот на ноќта контролираа со цел повторно да не се разгорат пламените јазици.

– Попладнето кога го добивме повикот за пожарот, на терен излеговме 23 пожарникари, односно имавме целосна мобилизација на ТППЕ-Штип со пет возила, вели Коцев. 

Реклама

Во гаснењето на огнената стихија учествуваа и 12 доброволци пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво (ДПД)-Штип, кои по повикот веднаш за 10 минути се мобилизирале со свои теренски возила, а кои помогнаа на непристапниот терен, 

Градоначалникот на општина Штип, Јорданов синоќа се заблагодари на пожарникарите, доброволците, месното население и на вработените во штипските Јавни претпријатија, кои учествуваа во локализирањето на пожарот. Пожарот е предизвикан од удар од гром на еден од ридовите над викенд населбите Плуждино и Новакова Чешма, по што поради ветерот брзо се ширеше на ридовите и се доближуваше до неколку штипски населби. Изгоре сува трева и грумашки, нема штетат на нечиј имот, ниту пак повредени.