Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Пожарот над Штип под контрола

Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица и на доброволците пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво-Штип ја запре огнената стихија, која се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре. МИА информираше дека попладнево од гром се запали сува трева и грмушки, но поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак. Градоначалникот на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица и на доброволците пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво-Штип ја запре огнената стихија, која се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре. МИА информираше дека попладнево од гром се запали сува трева и грмушки, но поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вечерва на вонредната прес-конференција изјави дека пожарот се ширеше по непристапен терен, а граѓаните од повисоките зони можеа да ги видат огнените јазици, како се доближуваат над градот Штип, поточно над населбата Кадидаре. 

-Заради силниот ветер и непристапниот терен зафати одредени ридови, кои што се веднаш до неколку населби во Штип. Веднаш екипите на ТППЕ заедно со членовите на Доброволното Противпожарно друштво излегоа на терен со целокупаната логистика, ресурси, механизација на Јавните претпријатија за да го локализираат овој пожар, кој заради непристаноста на теренот се шири-вели Јорданов. 

Реклама

Тој истакна дека нема простор за паника, бидејќи на терен беа мобилизирани сите институции и доброволците. Нема повредени лица, ниту пак куќи беа во опасност од огнените јазици. 

Зоран Младеновски, пожарникар доброволец од ДПД –Штип рече дека пожарот е под контрола и се надева дека огнената стихија ќе се смири во текот на ноќта. На терен беа 12 доброволци пожарникари, со свои теренски возила. 

Во текот на ноќта ќе се прават контроли, за да повторно не се распламтат огнените јазици.