Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Треба да продолжиме да разговараме за тешките прашања

Треба да продолжиме да разговараме за тешките прашања!, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во објава на социјалните мрежи по средбата со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова, што се одржа на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија. Во фокусот на разговорот со Јотова, како што вели, беа проблемите во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Треба да продолжиме да разговараме за тешките прашања!, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во објава на социјалните мрежи по средбата со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова, што се одржа на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија.

Во фокусот на разговорот со Јотова, како што вели, беа проблемите во билатералните односи, врзани за македонската евроинтеграција. 

– Изразивме различни ставови за можните решенија за отпочнување на македонските пристапни преговори – информира Сиљановска Давкова. 

Реклама

Укажала  и на неопходноста од интензивирање на комуникацијата меѓу училиштата, универзитетите, научните и културните институции, невладините организации и граѓаните заради надминување на предрасудите, зближување и разбирање.

– Ја потенцирав важноста на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како обврска за сите земји-членки на Советот на Европа.

Треба да продолжиме да разговараме за тешките прашања! – вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.