Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Сиљановска-Давкова во Софија оствари средба со бугарската претседателка Илијана Јотова

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварија средба со бугарската претседателка Илијана Јотова, , се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова. Во фокусот на разговорот беа проблемите во билатералните […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварија средба со бугарската претседателка Илијана Јотова, , се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

Во фокусот на разговорот беа проблемите во билатералните односи, врзани за македонската евроинтеграција.

Соговорничките изразија различни ставови за можните решенија за отпочнување на македонските пристапни преговори.

Реклама

Сиљановска-Давкова укажа на неопходноста од интензивирање на комуникацијата меѓу училиштата, универзитетите, научните и културните институции, невладините организации и граѓаните заради надминување на предрасудите, зближување и разбирање.

Сиљановска-Давкова ја потенцираше важноста на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како обврска за сите земји-членки на Советот на Европа.

Според претседателките, треба да продолжиме да разговараме за тешките прашања.