Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Испорачуваме, отпочнува процесот за приклучување на Македонија кон европскиот роаминг-простор

Приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“ ќе им овозможи на граѓаните на Македонија да користат пакети за мобилни услуги, интернет, повици, СМС пораки, во земјите од ЕУ, по цени исти како и дома. Ова претставува директна придобивка од европската интеграција, која ќе донесе пониски трошоци за граѓаните, полесна комуникација со семејствата, пријателите и деловните партнери […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“ ќе им овозможи на граѓаните на Македонија да користат пакети за мобилни услуги, интернет, повици, СМС пораки, во земјите од ЕУ, по цени исти како и дома. Ова претставува директна придобивка од европската интеграција, која ќе донесе пониски трошоци за граѓаните, полесна комуникација со семејствата, пријателите и деловните партнери во Европа, како и подобри услови за работење на компаниите и поевтина прекугранична соработка, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Со цел усогласување на македонското законодавство со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, изработени се четири гап-анализи за прилагодување . Врз основа на овие анализи беше подготвен законски текст за измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации.

Во рамки на подготовката на законската рамка потребна за пристапување кон иницијативата „Роаминг како дома“, Нацрт-законот беше објавен на ЕНЕР на 20 јануари 2026 година, додека на 24 февруари 2026 година беше утврден текстот на Предлог-законот.

Реклама

На 4 јуни 2026 година, Советот на ЕУ го одобри отпочнувањето на преговорите со земјите од Западен Балкан за проширување на иницијативата „Roam Like at Home“. Ова е  важен политички сигнал и формален почеток на процесот за вклучување на земјите од Западен Балкан во европскиот роаминг-простор.

Во насока на понатамошно придвижување на процесот, на 12 јуни 2026 година министерот за дигитална трансформација ќе присуствува на состанок со министрите од земјите од Западен Балкан и претставници на Европската комисија, на кој ќе се разговара за главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори и степенот на подготвеност на земјите за пристапување кон иницијативата.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги става интересите на македонските граѓани во фокусот на своето работење. Оваа иницијатива има директно значење за граѓаните, компаниите, студентите, работниците и за сите кои секојдневно комуницираат и соработуваат со земјите од Европската Унија.

Преку усогласување на домашното законодавство со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, Владата јасно ја потврдува својата посветеност на европската интеграција, a се спроведуваат конкретни мерки кои носат практични придобивки и придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.