Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Јаневска: Честитки за успешно завршената учебна година, да продолжиме заедно да ги спроведуваме промените за поквалитетно образование

Денеска завршува учебната 2025/2026 година. Година која беше подобра од претходната и во која воведовме многубројни новини во воспитно-образовниот процес во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска завршува учебната 2025/2026 година. Година која беше подобра од претходната и во која воведовме многубројни новини во воспитно-образовниот процес во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на образовниот систем – напиша министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Таа во својата објава на сите основци и средношколци им честита за постигнатите успеси и им посакува убав летен распуст, исполнет со одмор, дружење и незаборавни спомени.

– Верувам дека ќе одвојат време и за литература, за стекнување нови знаења и за развој на личните вештини. Компјутерите и дигиталните алатки што им се достапни нека ги користат мудро за учење, истражување и откривање нови можности – порачува Јаневска.

Реклама

Нагласува дека наставниците се и остануваат најважниот столб на квалитетното образование.

– Со голема посветеност и професионалност ја реализираа наставата и им го пренесуваа знаењето на своите ученици на најдобар можен начин. За дополнително да ја поттикнеме нивната мотивација и креативност, донесовме одлука за ново зголемување на платите за 7,5 проценти, со што кумулативниот раст во последните две години надминува 20 проценти. Паралелно вложувавме во подобрување на условите за настава и работа, но и во создавање можности за професионален и кариерен развој. Реализиравме нови повици за напредување на наставниците и стручните соработници во звања ментор и советник во основното образование, а првпат оваа можност се обезбеди и во средното образование – потенцира Јаневска во својата објава.

Посочува дека е важно да останат партнери со наставниците и во иднина.

– Уверена сум дека заеднички ќе ги реализираме сите цели и активности предвидени со реформската агенда. Најдобриот интерес на учениците е наш заеднички приоритет и останува во фокусот на сè што правиме. Посебна благодарност упатувам и до родителите и старателите. Нивната посветеност и грижа најдобро се препознаваат преку развојот и однесувањето на децата. Во следната учебна година очекувам уште поголема активност и соработка, особено во справувањето со предизвикот на врсничкото насилство. Секој од нас има еднакво важна улога во создавањето безбедна, мирна и поттикнувачка училишна средина – истакнува Јаневска.

Нагласува дека пред Министерството за образование и наука претстои работно лето.

– Во тек се повеќе значајни процеси на кои сме целосно посветени – реализацијата на државната матура, уписите во средното образование, набавката на нови учебници, изработката на нови наставни програми, забрзувањето на дигитализацијата, како и завршувањето повеќе инфраструктурни инвестиции. Задоволни од досега сработеното продолжуваме мотивирано и посветено да создаваме уште подобри услови за успешна учебна 2026/2027 година. На сите ви посакувам добро здравје, среќа и пријатен летен распуст – вели министерката за образование и наука Весна Јаневска во својата порака по повод завршувањето на учебната година.