Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сали: Македонија е меѓу лидерите во спроведувањето на реформската агенда

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори втората седница на мониторинг-комитетот за инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествуваа претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во своето обраќање Сали истакна дека Македонија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори втората седница на мониторинг-комитетот за инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествуваа претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери.

Во своето обраќање Сали истакна дека Македонија останува целосно посветена на европската агенда и на спроведувањето на реформите што носат конкретни придобивки за граѓаните.

– Европската интеграција не е само политички приоритет, туку стратешка инвестиција во долгорочната стабилност, безбедност и просперитет на државата. Реформската агенда претставува клучна алатка за забрзување на реформите и приближување на земјата кон Европската Унија – потенцираСали.

Реклама

Тој упати благодарност до Делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Михалис Рокас и Европската комисија за континуираната поддршка во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан. Сали нагласи дека Македонија е меѓу најуспешните земји во регионот во имплементацијата на реформската агенда обезбедувајќи досега повеќе од 142 милиони евра преку инструментот за реформи и раст, а во последниот циклус на оценување беа одобрени 65,7 милиони евра – највисок износ исплатен во регионот.

Како што информираат од Министерството за европски прашања, на состанокот е презентиран напредокот во областа на реформата на јавната администрација, владеењето на правото, дигиталната трансформација, зелената транзиција, управувањето со јавните финансии и развојот на човечкиот капитал.

Учесниците ја потврдија заедничката посветеност за продолжување на реформите и ефективно користење на инструментот за реформи и раст како механизам што носи конкретни придобивки за граѓаните и економијата.