Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Собранието ја зајакнува соработката со Европскиот парламент преку размена на искуства за демократски надзор, транспарентност и отчетност

Генералниот секретар Марина Димовска предводи делегација на службата на Собранието, во состав Бобан Стојаноски, заменик на генералниот секретар, Елена Доцевска-Божиновска, државен советник за политички систем, Сања Богатиновска, раководител на сектор за работни тела на Собранието од областа на политичкиот систем, Данчо Јаневски, раководител на сектор за работни тела на Собранието од областа на финансискиот и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар Марина Димовска предводи делегација на службата на Собранието, во состав Бобан Стојаноски, заменик на генералниот секретар, Елена Доцевска-Божиновска, државен советник за политички систем, Сања Богатиновска, раководител на сектор за работни тела на Собранието од областа на политичкиот систем, Данчо Јаневски, раководител на сектор за работни тела на Собранието од областа на финансискиот и економскиот систем и јавните дејности, Трендалина Синани-Таири, раководител на одделение за нормативно-правни работи, Марија Стефанова, раководител на одделение за мултилатерална соработка и меѓународни парламентарни собранија, и Татјана Здравеска, советник на комисијата за одбрана и безбедност, вчера и денеска учествува на размена на искуства во Европскиот парламент во Брисел, фокусирана на демократски надзор, транспарентност, отчетност и најдобри парламентарни практики.

Размената, како што соопшти собраниската прес-служба, е организирана од одделот за поддршка на демократијата и координација на изборите на Европскиот парламент, а програмата овозможува споредбени искуства и експертиза помеѓу администрациите на Европскиот парламент и Собранието.

Во воведните обраќања на Марта Удина, раководител на Одделот за парламентарна поддршка и градење капацитети во Европскиот парламент, и Марина Димовска, генерален секретар на Собранието, беше нагласена важноста на зајакнувањето на парламентарните институции, со фокус на транспарентноста и подобрувањето на демократското управување како дел од процесот на интеграција во Европската Унија.

Реклама

Во текот на програмата учесниците имаа размена со високи функционери, експерти и пратенци на Европскиот парламент за широк спектар на теми, вклучувајќи парламентарни процедури, транспарентност на законодавството, јавен пристап до документи, управување со групи на интереси, стандарди за етика и интегритет, односи со медиумите, борба против дезинформации, заштита на лични податоци, управување со судир на интереси и механизми за одговорност во рамките на парламентарните администрации.

Делегацијата исто така размени мислења со членови на Европскиот парламент, кои се активно вклучени во односите со Македонија и Западен Балкан, вклучувајќи ги Томас Вајц, постојан известувач за Македонија, Лукас Мандл, копретседавач на групата за поддршка на демократијата и координација на изборите за Западен Балкан, и Андреас Шидер, поранешен претседател на делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија.

Исто така, програмата опфати и неколку билатерални средби помеѓу генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска, и високи функционери на Европскиот парламент, вклучувајќи го Алесандро Ќјокети, генерален секретар на Европскиот парламент, и Пјетро Дучи, генерален директор за надворешни политики на Унијата, со фокус на административната соработка, институционалниот развој и идните иницијативи за градење капацитети.

Програмата вклучува размена на искуства, кои ја потврдуваат заедничката посветеност на двете институции за зајакнување на демократските институции, со фокус на транспарентноста и отчетноста и поддршка на континуираниот напредок на Македонија на нејзиниот европски пат.