Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Јаневска ја оцени со четворка оваа учебна година: За промени и реформи во образованието треба време

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека оваа учебна година би ја оценила со четворка. Како што истакна вечерва, изминатиов период е сработено многу, но за спроведување на реформите во образованието треба време.   -Годинава беше подобра од претходните, би и дала четворка што е многу солидна оценка. Недостаток ни е времето. За промени […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека оваа учебна година би ја оценила со четворка. Како што истакна вечерва, изминатиов период е сработено многу, но за спроведување на реформите во образованието треба време.  

-Годинава беше подобра од претходните, би и дала четворка што е многу солидна оценка. Недостаток ни е времето. За промени и реформи во образованието треба време, во краток период не може да се нрапават многу нешта. Тоа треба да биде постепено, во договор, со прифаќање, не насилно, зашто насилните промени будат револт, премногу се брзи и немаат ефект. Има уште да се работи, иако направивме многу промени минатата година, нагласи Јаневска во интервју за една од националните телевизии.

Таа потенцира дека многу важни за учениците и родителите се новите наставни програми кои за седмо и осмо одделение се веќе сменети, а следната година ќе бидат сменети и за деветто одделение.

Реклама

-Ги сменивме и за први и втори клас, сега учениците ќе учат по новите наставни програми. Ги средивме иучебниците. Во Македонија учебниците веќе нема да бидат предизвик, тоа е завршена работа. Во голем број училишта учебниците од прво до трето се веќе дистрибуирани, нешто што беше голем проблем да се направи до 1 септември, а до 1 септември ќе бидат дистрибуирани и сите останати. Ја намаливме администрацијата на наставниците имаме нов е-дневник што не паѓа, наставниците не мора во 00.00 и 1.00 ноќе да внесуваат оценки, туку тоа може да го прават во работно време. Дигитализираме многу процеси, годинава ќе ги имаме и првите дигитални свидетелства, посочи министерката.

Информира и дека се воведува вештачка интелигенција, како и дека се реализираат проекти за здравје, екологија, заштита од несакани, агресивни појави во школите.

-Мислам дека релативно добро се движиме, но ќе треба уште многу да се работи. За подобри резултати кај децата, наставниците треба да бидат задоволни и мотивирани, ние ја покачивме платата околу 20 проценти за две години. Нашите деца имаат 900 часа помалку до 15 години од нивните врсници во ЕУ, затоа проектот едносменска и целодневна настава за нас е ислучлително важен и треба што е можно побрзо и поефикасно да се спроведува, за децата да поминуваат подолго време на училиште, подвлече Јаневска.