Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Муцунски: Ни треба систем на меѓусебна доверба и да знаеме дека ќе нема дополнителни барања од Софија поврзани со историјата, идентитетот и јазикот

Кога зборуваме за билатералниот аспект меѓу Софија и Скопје, она што секогаш го велам е дека заедничкиот интерес на двете земји е да се движиме напред по патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во изјава за бугарските медиуми пред почетокот на самитот на Процесот за соработка во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога зборуваме за билатералниот аспект меѓу Софија и Скопје, она што секогаш го велам е дека заедничкиот интерес на двете земји е да се движиме напред по патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во изјава за бугарските медиуми пред почетокот на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија.

– И двете земји имаат многу да добијат од овој процес. Сакам да ве уверам дека имаме најпозитивни намери да соработуваме во областа на одбраната и безбедносната политика, да соработуваме во економијата, да соработуваме во образованието. Лично, како универзитетски професор, сум учествувал на безброј меѓународни конференции во Софија. Затоа верувам дека сите овие настани од последните години вештачки ги делат народите на двете земји. И она што е важно е да гледаме кон иднината, да не се фокусираме на прашања од минатото – прашања поврзани со идентитетот, историјата и јазикот, бидејќи имаме иднина што треба да нè обедини, рече Муцунски.

За договорот предложен од Франција во 2022 година, тој нагласи дека Македонија има поинакво гледиште за тоа.

Реклама

– Треба да функционираме во систем што значи меѓусебна доверба. Нашето гледање е дека имаме различно толкување на она што се очекува од нашата земја во однос на одлуката од 2022 година, истакна Муцунски.

Според него, Северна Македонија подготвила, како дел од барањата, одличен акциски план за малцинствата.

– Не само за бугарското малцинство, туку за сите малцинства во земјата, во соработка со водечки експерти делегирани од Советот на Европа. Но, она што е важно, за да можеме да продолжиме напред, е да работиме во следниот период на градење меѓусебна доверба, посочи Муцунски.

Тој истакна дека „силните идентитети не треба да се градат преку напади врз туѓите идентитети, дека имаме капацитет да ги ги негуваме нашите различности, да се почитуваме едни со други и да не се врзуваме за прашања од минатото поврзани со идентитетот, историјата и јазикот“.

Цврсто сум убеден дека силните идентитети немаат потреба да се градат преку напади на туѓите идентитети.
Во Европа во 21 век треба да имаме капацитет да ги негуваме нашите различности и да не се врзуваме за прашања од минатото поврзани со идентитетот, историјата и јазикот.

–  Нашата цел не е само да стигнеме до фаза на отворање на пристапните преговори, туку и успешно да ги затвориме. За да се постигне тоа, што е важно за нас? Да знаеме дека нема да има дополнителни барања за нашата земја поврзани со историјата, идентитетот и јазикот, како и други билатерални пршања кои би се појавиле по отпочнувањето на преговорите – прашања поврзани со историски комисии, тоа не се европски темелни прашања. Затоа велам – добро е да разговараме и да расчистиме што се очекувањата од двете страни бидејчи, сепак, има еден силен билтерален елем,ент во сето ова. Тука се најголемите недоразбирање, истакна Муцунски.

Според него, со дијалог и меѓусебно разбирање, нема предизвик што не може да се реши, ако има волја и ако сите страни се посветени на европската идеја.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: