Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ од 8 до 15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Фестивалот на балкански и медитерански филм оваа година по петти пат ќе обедини автори, режисери, актери и љубители на уметноста на едно место. Од 8ми до 15ти јули, за прв пат со регионален карактер, „Преку езерото 2026“ ќе се одржи во Дојран, Струмица и Гевгелија. Организаторите најавија богата програма со долгометражни и краткометражни филмови, а […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фестивалот на балкански и медитерански филм оваа година по петти пат ќе обедини автори, режисери, актери и љубители на уметноста на едно место. Од 8ми до 15ти јули, за прв пат со регионален карактер, „Преку езерото 2026“ ќе се одржи во Дојран, Струмица и Гевгелија. Организаторите најавија богата програма со долгометражни и краткометражни филмови, а како што велат, целта е да биде што е можно повеќе достапен за младите, а воедно и да имаат можност да ги покажат своите вештини преку работилници.

„Оваа година за прв пат организираме програма на кинематографија во фокус, и еве да откриеме дека тоа ќе биде кинематографијата на Иран. Оваа година и ќе имаме светска премиера на филм на овој фестивал.“- вели директорот на фестивалот Јани Бојаџи.

Филмските дела од македонски и странски автори, ќе се борат и за првото место во најдобар краткометражен филм и најдобар долгометражен филм. Студентите ќе се борат во категоријата  најдобар македонски студентски филм. 

Реклама

„Оваа година селекцијата се лимитираше на шест филмови а фокусот ќе биде на самиот Балкан од каде и се содржи половина од селекцијата. Овицијалната селекција ќе брои шест филмови, а сме во преговори да имаме гости од сите продукции кои што работат на филмовите заклучно со режисерите и актерите.“– вели македонскиот режисер и сценарист Златко Ѓелески.

Воедно фестивалот целосно ќе финансира дебитантски филмови што претставува огромна поддршка за младите и оние кои до сега немале шанса или финансии да ја покажат својата креативност.

„На самиот почеток на фестивалот имаме работилница за студентски филм и прв дебитантски филм и би посочил студентите и режисерите со прв филм да се пријават на линкот кој ќе го објавиме овие денови на официјалниот сајт.“– вели продуцентот на фестивалот Дејан Милошевски.

Изработените дебитантски филмови ќе се презентираат на следното издание на фестивалот. Организаторите очекуваат посетеност од над 100 гости.