Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Втора фаза од проектот ,,Училишта на 21 век”

Создавање  млади кадри кои ќе одговорат на потребите на современиот пазар на труд е целта на новиот проект што денеска беше промовиран од Министерството за дигитална трансформација. Надлежните велат дека со подобрување на образованието преку развивање на дигитални вештини ќе се создаваат подготвени генерации кои ќе можат да одговорат на предизвиците на модерното дигитално време. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Создавање  млади кадри кои ќе одговорат на потребите на современиот пазар на труд е целта на новиот проект што денеска беше промовиран од Министерството за дигитална трансформација. Надлежните велат дека со подобрување на образованието преку развивање на дигитални вештини ќе се создаваат подготвени генерации кои ќе можат да одговорат на предизвиците на модерното дигитално време.

 Проектот опфаќа вкупно сто училишта, повеќе од илјада наставници  ќе поминат обука од тренери кои што ќе ги обучат како да ги користат овие микро бит уреди во нивната настава, зборуваме за четврто и петто одделение, ќе се употребува во сите наставни предмети, по сите наставни предмети ќе може да прават вакви проекти со микро битови, ќе учат основи на програмирање, основи на вештачка интелигенција, основи на сајбер безбедност, нормално на прилагоден начин за таа возраст и очекувам дека од тие материјали што ќе ги произведеме, тоа ќе бидат и прирачници, како и наставниците во погорните одделенија да ги користат микро-битовите во наставата и да работат на реални проекти, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Проектот е реализиран како соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација, Британскиот совет и Македонски телеком.

Реклама

Програмата покажа дека иновациите во образованието можат да се зголемат и да бидат одржливи, изјави британскиот амбасадот Метју Лосон.

Сметаме дека како партнери со ова помагаме на иднината на нашите деца пред се, затоа што преку некои нови вештини кои ќе ги стекнат ќе бидат многу поспремни за времето кое доаѓа, истакна Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Секоја инвестиција  во способностите на младите е инвестиција во иднината на државата:  подобри можности за младите се гаранција за развивање на поконкурентна национална економија.

Ана Минин