Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

„Вреди“: Официјализирањето на српскиот јазик во Куманово го носи печатот на ДУИ

Лицемерието во оваа држава има име и презиме. Тоа се вика ДУИ.Оние што најгласно зборуваат за албанството се токму тие што, кога ја имаа целата власт во свои раце, ги оставија Албанците во најлоша состојба, додека себеси се вдомија со функции, тендери и полни џебови. Затоа, пред повторно да ни продаваат лажен патриотизам, добро е […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лицемерието во оваа држава има име и презиме. Тоа се вика ДУИ.Оние што најгласно зборуваат за албанството се токму тие што, кога ја имаа целата власт во свои раце, ги оставија Албанците во најлоша состојба, додека себеси се вдомија со функции, тендери и полни џебови. Затоа, пред повторно да ни продаваат лажен патриотизам, добро е да го отвориме нивниот архив, се вели во соопштението од „Вреди“ од денешната прес-конференција на Гранит Османи.

А кога ќе се отвори нивниот архив, излегуваат работи што јавноста треба да ги знае.

Токму оваа партија, која денес од опозиција зборува за албанските права, на врвот на својата власт, на 4 мај 2010 година, овозможила српскиот јазик да влезе во службена употреба во Општина Куманово, иако Србите сочинуваат околу 6,5 проценти од населението.

Реклама

Еве го документот.

Црно на бело. Ова е вистинското лице на ДУИ.

Значи, кога требало да се официјализира српскиот јазик во Куманово, имале желба, гласови и волја. Но кога требало да се решаваат проблемите на Албанците, секогаш имало одложувања и опструкции.

По овој документ, природно се поставуваат неколку прашања.

Зошто толкава грижа за српскиот јазик во Куманово, а за проблемите на Албанците секогаш имаше пречки и доцнења?

Зошто немаа истата волја за правосудниот испит на албански јазик и за правичната и соодветна застапеност?

Повеќе од 20 години по ред, многу прашања на Албанците ги оставаа недовршени, со логиката „помини и продолжи“.

ВЛЕН не е против официјализирање на кој било јазик, но е против политичкото лицемерие.

ДУИ зборува за Албанците кога е во опозиција. ВЛЕН работи за Албанците кога е на одговорност.

Тоа е разликата што ниту една нивна пропаганда не може да ја прикрие.