Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Претседателката на „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ Симонофски на средба со амбасадорот Трпевски

Претседателката на здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“, Елена Симонофски, оствари средба со новиот македонски амбасадор во Тирана,  Веле Трпевски.  -Од мое и од име на Македонците во Албанија му пренесов искрени честитки и му посакувам многу успех во неговата одговорна дипломатска мисија. Верувам дека меѓусебната соработка, поддршка и отворениот дијалог ќе придонесат за зацврстување на врските и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“, Елена Симонофски, оствари средба со новиот македонски амбасадор во Тирана,  Веле Трпевски. 
 
-Од мое и од име на Македонците во Албанија му пренесов искрени честитки и му посакувам многу успех во неговата одговорна дипломатска мисија. Верувам дека меѓусебната соработка, поддршка и отворениот дијалог ќе придонесат за зацврстување на врските и создавање нови можности за македонската заедница во Албанија, информираше таа. 
 
Додаде дека средбата поминала во исклучително пријателска и конструктивна атмосфера, исполнета со корисни размисли, идеи и визии за идните активности. 
 
-Убедени сме дека следните чекори ќе донесат конкретни и позитивни резултати во многу скоро време, особено во насока на поддршка на нашата заедница, културата, младите и заедничките иницијативи. Продолжуваме со посветеност, ентузијазам и искрена желба за уште поголема соработка, напредок и успеси во периодот што следи, нагласи таа. 
 
Трпевски, кому ова му е втор амбасадорски мандат во Албанија, функцијата ја презеде деновиве.