Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда од една година затвор за Стевчо Јакимовски

Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда за Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело бесправно градење. Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, второстепениот суд, постапувајќи по жалбите на обвинетите и на Јавното обвинителство, донел пресуда со која ја потврдува казната за делото „бесправно градење“. Во изречената казна […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда за Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело бесправно градење.

Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, второстепениот суд, постапувајќи по жалбите на обвинетите и на Јавното обвинителство, донел пресуда со која ја потврдува казната за делото „бесправно градење“.

Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од 19 март до 15 август 2019 година.

Реклама

Во однос на обвинението за „злоупотреба на службената положба и овластување“, жалбата на Јакимовски е уважена и предметот во тој дел е вратен на повторно судење.

Според Судот, со оглед дека делото се однесува на периодот од 2011 до 2017 година, а предвидената казна е од три до пет години затвор, постои можност застарувањето да настапи во текот на 2027 година.

Апелациониот суд ја укинал и условната осуда за обвинетиот Т.Ѓ., а предметот и во овој дел е вратен на повторно постапување.

Јакимовски тврди дека не направил криминал и дека одлуката била политичка.