Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Нова скандалозна одлука на Судот: Осомничениот „митаџија“ Стефан Богоев излегува од затворот во Шутка

Нова скандалозна одлука на Судот. Осомничениот митаџија Стефан Богоев излегува од затворот во Шутка. Кривичниот совет на Основниот суд ја прифатил гаранцијата од 55 илјади евра во кеш што ја понудил Богоев и мерката притвор не му ја заменува со куќен притвор, туку само со одземање на пасошот и забрана за напуштање на државата. „Кривичниот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова скандалозна одлука на Судот. Осомничениот митаџија Стефан Богоев излегува од затворот во Шутка.

Кривичниот совет на Основниот суд ја прифатил гаранцијата од 55 илјади евра во кеш што ја понудил Богоев и мерката притвор не му ја заменува со куќен притвор, туку само со одземање на пасошот и забрана за напуштање на државата.

„Кривичниот совет донесе решение со кое ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот. Определената гаранција се состои од готови средства во износ од 55 илјади евра, во денарска противвредност, а кој износ се депонира како гаранција за обезбедување на присуство на осомничениот во понатамошниот тек на постапката“, се вели во соопштението на Судот.

Реклама

Од таму додаваат дека доколку осомничениот не се придржува на мерката за претпазливост, може да се донесе построга одлука.

Инаку, Богоев, кој беше и потпретседател на СДСМ и градоначалник на Карпош, е осомничен дека примил мито од околу 2 илјади евра за да помогне да се намести тендер на Царинската управа за одржување на граничните терминали, со што е направена штета од 300 илјади евра на државата.