Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Македонските филмови „Ветена земја“, „Утре наутро“ и „Неми филмови“ со награди на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон – SEE FF 2026

Македонските филмови „Ветена земја“, „Утре наутро“ и „Неми филмови“ се наградени на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон – SEE FF 2026. Американското жири под претседателство на Партисија Корбет, познат филмски и литературен критичар, наградата за најдобар игран филм му ја доделила на „Утре наутро“ од Македонија, кој исто така ја добила […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските филмови „Ветена земја“, „Утре наутро“ и „Неми филмови“ се наградени на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон – SEE FF 2026.

Американското жири под претседателство на Партисија Корбет, познат филмски и литературен критичар, наградата за најдобар игран филм му ја доделила на „Утре наутро“ од Македонија, кој исто така ја добила наградата за најдобро сценарио (Јани Бојаџи). За најдобра актерка е прогласена Илинка Харнут од Романија, Саболч Туруци од Унгарија за најдобар актер, а за најдобар режисер прогласен е Миливоје Обрадовиќ од Црна Гора за режијата на филмот „15 и половина“. Македонскиоте филмови „Неми филмови “ (Крсте Господиновски) и „Ветена земја“ (Ќендрим Ријани) ги освоиле наградите за најдобар анимиран, односно најдобар документарен филм, додека пак наградата за најдобар краток филм е доделена на „ Ништо страшно“ (Мирза Абдагиќ) од БиХ.

Француското жири на фестивалот, предводено од Фроса Пејоска-Бушро од Универзитетот ИНАЛКО, за апосулутен победник го избрало „Павиљон“ од БиХ, кој покрај наградата за најдобар игран филм, ги освоил и наградите за најдобар актер (Раде Шербеџија), најдобра актерка (Кача Дориќ), најдобро сценарио (Виктор Иванчиќ) и најдобра режија (Дино Мустафиќ).  За најдобар документарен филм е прогласен „Старо сајмиште“ од Србија во режија на Александра Митиќ и Никола Ѓуровиќ, за најдобар анимиран филм „Хроницитет“  (Алета Рајиќ) од БиХ,  а за најдобар краток филм е прогласен „Лото“  (Мухамед Алтункајнак) од Турција.

Реклама

Германското жири предводено од Кристијан Фос од Универзитетот Хумболт од Берлин, наградата за најдобар игран филм му ја додели на косовскиот „Одисеја на радоста“ (Згјим Терзиќи). За најдобра актерка беше прогласена Илинка Харнут од Романија, Саболч Туруци од Унгарија за најдобар актер, а за наградата најдобро сценарио ја освоил Мирза Абдагиќ од БИХ за „Ништо страшно“. Мухамед Алтункајнак од Турција е проглаен за најдобар режисер („Лото“), додека наградата за најдобар документаерн филм ја доби „Вуд, ти победи!“ од Црна Гора (автор Сенад Шахмановиќ). За најдобар анимиран филм е избран унгарскиот „Кучешко уво“ (автор Петер Ваш), а за најдобар краток филм е прогласен  бугарскиот „Филџан кафе“ (Божана Маринова).

Академија Балканика Еуропеана, како еден од долгогодишните поддржувачи на фестивалот, покрај Министерството за култура на Република Франција, УНЕСКО и Министерството за култура на Црна Гора, со нејзиното жири под претседателство на Фабрис  Далмеида, оваа година за најдобар игран филм го прогласи црногорскиот „Образ“, во режија на Никола Вучковиќ, а за најдобар актер Захари Бахаров од Бугарија, за улогата во филмот „Облог“ во режија на Светослав Овчаров. Наградата за најдобар документарен филм ја понесе „Корени” (Николај Димитров), исто така од Бугарија.

Фестивалот на Југоисточна Европа, SEE FF 2026, годинава го имаше своето 16-то издание во Париз, 11-то во Берлин, а по шести пат и во главниот  град на САД, Вашингтон. Овој фестивал е вистиски прозорец за кинематографиите на Југоисточна Европа и афирмација на плејада филмски творци од регионот. Овогодишната богата програма од играни, документарни, кратки и анимирани филмови, предизвика голем интерес кај американската и европската публика.

Фестивалот традиционално се организира во соработка на универзитетите Еуропа Прима од Скопје, ИНАЛКО и Пантеон Асас од Париз, Хумболд од Берлин, Американ Јуниверсити од Вашингтон, како и издавачката куќа Пламен Прес, исто така од Вашингтон.

Патем, серијата утре наутро во која копродуцент е „ТВ Алфа“ е продадена и на најгледаната телевизија во Србија прва српска тв каде наскоро ќе има премиера, тоа е прва македонска серија која е продадена на странски пазар.