Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски избран за претставник во АРЛЕМ

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, е избран за претставник на ЗЕЛС во АРЛЕМ – Евро-медитеранското регионално и локално собрание, кое ги обединува локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и медитеранскиот регион. АРЛЕМ функционира во рамки на Комитетот на регионите на Европската Унија и претставува значајна платформа за дијалог, соработка и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, е избран за претставник на ЗЕЛС во АРЛЕМ – Евро-медитеранското регионално и локално собрание, кое ги обединува локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и медитеранскиот регион. АРЛЕМ функционира во рамки на Комитетот на регионите на Европската Унија и претставува значајна платформа за дијалог, соработка и размена на искуства меѓу локалните власти.

Во рамки на своите активности како претставник во ова тело, градоначалникот Георгиевски присуствуваше на 12. состанок на АРЛЕМ, што се одржа во Брисел. На состанокот беа разгледани актуелни теми поврзани со локалниот и регионалниот развој, одржливите политики, економската соработка и зајакнувањето на улогата на локалните самоуправи во евро-медитеранскиот простор.

Изборот на градоначалникот Георгиевски претставува значајно признание за неговата посветеност во унапредувањето на локалната самоуправа и отвора нови можности за Општина Илинден за вклучување во европски и меѓународни иницијативи, размена на искуства и воспоставување партнерства со општини и региони од поширокото евро-медитеранско подрачје.

Реклама

Со активно учество во вакви меѓународни мрежи, Општина Илинден продолжува да го зацврстува својот углед како современа, развиена и европска општина насочена кон создавање подобри услови и нови перспективи за своите граѓани.