Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет се интересите на македонските граѓани, направен е уште еден значаен чекор од кој директна придобивка ќе имаат токму граѓаните на Македонија, истакна на прес-конференција Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Станува збор за конкретен, видлив и практичен чекор кон европската иднина на Македонија, а тоа […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет се интересите на македонските граѓани, направен е уште еден значаен чекор од кој директна придобивка ќе имаат токму граѓаните на Македонија, истакна на прес-конференција Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Станува збор за конкретен, видлив и практичен чекор кон европската иднина на Македонија, а тоа е приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“.

Оваа иницијатива директно ги засега граѓаните, компаниите, студентите, работниците, македонската дијаспора и сите оние кои патуваат или комуницираат со земјите од Европската Унија.

Реклама

Со „Роаминг како дома“, граѓаните ќе можат да користат мобилни услуги, повици, СМС-пораки и мобилен интернет, без дополнителни роаминг трошоци, односно под услови еднакви со домашните тарифи.

Поконкретно, добиваме помали трошоци за граѓаните, полесна комуникација со семејствата, пријателите и деловните партнери во Европа, подобри услови за компаниите и поевтина прекугранична соработка. Тоа значи конкретна придобивка од европската интеграција, која граѓаните ќе ја почувствуваат директно во секојдневниот живот.

Почитувани, во изминатиот период, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде сериозни, суштински и одговорни чекори за усогласување на домашното законодавство со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации.

Беа изработени четири гап-анализи за прилагодување на европските директиви и регулативи во македонското законодавство. Врз основа на тие анализи беше подготвен законски текст за измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации, со цел усогласување со Европскиот електронски комуникациски кодекс и релевантните европски регулативи.

Нацрт-законот беше објавен на ЕНЕР на 20 јануари 2026 година, по што беше спроведена владина постапка. На седница на Владата, одржана на 24 февруари 2026 година, беше утврден текстот на Предлог-законот.

Со тоа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го заокружи клучниот национален дел од подготовката на законската рамка потребна за пристапување кон иницијативата „Роаминг како дома“.

На 4 јуни 2026 година, Советот на Европската Унија го одобри отпочнувањето преговори со земјите од Западен Балкан за проширување на режимот „Roam Like at Home“. Ова е исклучително значаен чекор, затоа што ја отвора вратата за секторски преговори меѓу Европската комисија и секоја од земјите од регионот, вклучително и Македонија.

Дополнително, на 12 јуни 2026 година е закажан состанок на кој ќе присуствува министерот Андоновски со министрите од Западен Балкан и претставници на Европската комисија, на кој ќе се разговара за главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори и степенот на подготвеност на секоја земја.

Ова значи дека Македонија не доцни и дека е подготвена. Ова е директен показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати.

Почитувани граѓани, ова е пример како треба да изгледа европската интеграција, достоинствена, со конкретна придобивка, а не непредвидлив пат и нејасен крај.

Токму тоа е и политиката на оваа Влада, помалку празни зборови, помалку декларативност и изговори, а повеќе резултати, конкретни решенија и повеќе работа.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на дигитална трансформација, на европско усогласување и конкретни мерки што го подобруваат животот на граѓаните.

Ова е успех за граѓаните на Македонија. Продолжуваме посветено, одговорно и со резултати.