Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ќоку и Трајчулески во Варшава: Човековите права во дигиталната ера

Пратениците на Собранието на Македонија, Бeким Ќоку и Митко Трајчулески, учествуваат активно на меѓународниот семинар на „Човекови права во дигиталната ера. Вештачка интелигенција и општествени мрежи: можност или закана за младите?“, кој се одржува во Варшава, Полска, во организација на Геополитичката група 12+ во рамките на Интерпарламентарната унија (ИПУ), како и Сенатот и Сејмот на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците на Собранието на Македонија, Бeким Ќоку и Митко Трајчулески, учествуваат активно на меѓународниот семинар на „Човекови права во дигиталната ера. Вештачка интелигенција и општествени мрежи: можност или закана за младите?“, кој се одржува во Варшава, Полска, во организација на Геополитичката група 12+ во рамките на Интерпарламентарната унија (ИПУ), како и Сенатот и Сејмот на Република Полска.

На семинарот учествуваат пратеници, претставници на меѓународни организации и експерти кои дискутираат за клучните предизвици поврзани со заштитата на децата во дигиталниот простор, сузбивањето на кибернасилството и онлајн родово-базираното насилство, како и за влијанието на вештачката интелигенција врз остварувањето на човековите права.

На првиот панел, посветен на уставните и меѓународно-правните основи за заштита на децата од деморализација на интернет, пратеникот Бeким Ќоку истакна дека обврската на државата за заштита на детето мора да се протегне и врз дигиталниот простор. Во своето обраќање тој посочи дека Уставот на Македонија детето го поставува под посебна заштита на државата, дека оваа заштита мора подеднакво да важи и во онлајн опкружувањето, и дека Конвенцијата на ОН за правата на детето, задолжително се однесува и на дигиталната средина. Пратеникот Ќоку нагласи дека Собранието на Македонија е посветено на понатамошното усогласување на националното законодавство со европските и меѓународните стандарди, а особено со инструментите на Советот на Европа.

Реклама

Беким Ќолу зборуваше и на вториот панел „Сузбивање на кибернасилството и онлајн родово-базираното насилство. Забрана на општествени мрежи за деца – каде е границата?“. Тој дискутираше за законодавните мерки со кои парламентите можат да го регулираат пристапот на малолетници до општествените мрежи. Ќоку посочи дека возрасните ограничувања претставуваат неопходна и оправдана мерка, но дека тие не смеат да постојат изолирано, туку мора да бидат придружени со ефективни механизми за верификација на возраста, правна одговорност на платформите, образование за дигитална писменост и поддршка за жртвите на онлајн насилство. Пратеникот го истакна и ризикот децата, исклучени од главните платформи, да се упатат кон помалку регулирани дигитални простори надвор од европска јурисдикција.

На третиот панел, посветен на темата „Вештачка интелигенција и човекови права – од алгоритамска дискриминација до надзор“, пратеникот Митко Трајчулески ги нагласи трите клучни предизвици со кои се соочуваат законодавците во регулирањето на вештачката интелигенција: алгоритамската дискриминација, масовниот надзор и прашањето за транспарентност и одговорност. Тој истакна дека Македонија, како земја кандидат за членство во Европската Унија, активно го усогласува своето законодавство со Актот за вештачка интелигенција на ЕУ и е посветена на изградба на дигитална управа заснована на почитување на основните права. Пратеникот Трајчулески нагласи дека европските и меѓународните стандарди претставуваат минимален праг, а не таван, и ги повика парламентите да ја искористат рамката на МПУ за промовирање на регулативи за вештачка интелигенција засновани на правата на човекот.

Семинарот претставува значајна платформа за размена на парламентарни искуства и за развивање на координиран меѓународен одговор на предизвиците кои дигиталната трансформација ги поставува пред заштитата на темелните права на граѓаните.