Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски: Сакаме добри односи со сите соседи, но прво заштита на интересот на државата и на идентитетот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада работат темелно и посветено на остварување на целите што ги имаат зацртано во насока на развој на државата и на процесот на нејзина евроинтеграција. Имаат, вели, план и стратегија, на чие остварување работат, без да ветуваат чуда, туку да ги постават работите на здрава основа.  – Ние работиме […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада работат темелно и посветено на остварување на целите што ги имаат зацртано во насока на развој на државата и на процесот на нејзина евроинтеграција. Имаат, вели, план и стратегија, на чие остварување работат, без да ветуваат чуда, туку да ги постават работите на здрава основа. 

– Ние работиме темелно, посветено, чесно и напорно. Резултатите полека доаѓаат. Тоа што е наша стратегија за реализирање на овие цели полека се остварува. Се разбира дека јавно нема многу да зборувам за деталите. Како човек очекувам да имаме добрососедски односи со сите соседи. Како претседател на Влада, ќе сторам сè што е во наша моќ, прво, да го заштитам интересот на граѓаните, да го заштитам идентитетот и интересот на државата. И, второ, нормално, да градиме добрососедски односи со сите наши соседи врз основа на принципот на двонасочна улица. Затоа што за секоја работа во животот треба најмалку двајца – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање што може да се очекува од најавените утрешни средби на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот Тимчо Муцински со бугарската претседателка Илијана Јотова. 

​Не знам која би била евентуалната содржина на средбите, вели премиерот, но, нагласува, Владата има план и стратегија и работи на нивно исполнување.

Реклама

– Ние чуда никогаш не сме ветиле. Затоа што ние не сме чудотворци. И секој што ветува чуда – лаже, не ја говори вистината пред граѓаните. ​Ние само ветувавме напорна работа, тоа што и го правиме. Јас знам дека можеби има некои очекувања за некои работи да се случуваат побргу, но ова што денеска го зборувам, го зборував и во кампањата за изборите во 2024 година и ќе го зборувам и понатаму бидејќи мора работите да се постават на здрава основа за генерациите по нас да немаат главоболки какви што ние имаме – рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по поставување камен-темелник на училиште во Ѓорче Петров.