Реклама

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Прилози

Татко се заканувал дека ќе го задави сопственото дете во семејна расправија со сопругата

Полноќен ужас во Скопје. 36 годишен маж, по семејна расправија, ги нападнал и повредил сопругата и нејзината мајка, се заканувал дека ќе го задави сопственото дете, па го пуштил своето куче шарпланинец да ги ги нападне и изгризе братот и таткото на сопругата. Нов ужасен случај на семејно насилство во главниот град. За среќа полицијата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полноќен ужас во Скопје. 36 годишен маж, по семејна расправија, ги нападнал и повредил сопругата и нејзината мајка, се заканувал дека ќе го задави сопственото дете, па го пуштил своето куче шарпланинец да ги ги нападне и изгризе братот и таткото на сопругата. Нов ужасен случај на семејно насилство во главниот град.

За среќа полицијата успеала да интеревенира пред да се случи поголема трагедија и го уапсила насилникот.

Со намера да ги вознемири и заплаши, осомничениот почнал да вика и да се заканува на сопругата и на нивните две деца на возраст од 6 и 4 години. Кога оштетената побарала да престане, тој ја фатил за раката и ја турнал, нанесувајќи и телесни повреди. Потоа осомничениот започнал да ја крши покуќнината и со клуб маса замавнал кон мајката на сопругата, која исто така телесно ја повредил на ногата и во градниот кош. Се заканувал дека сите ќе ги убие, па и дека ќе го задави сопственото дете, при што во еден момент извадил и нож со кој замавнувал, предизвикувајќи чувство на загрозеност, несигурност и страв кај оштетените, информираат од Обвинителството.

Реклама

Во текот на дивеењето на насилникот, сопругата некако успеала да се оттргне од неговите канџи и телефонски да ги повика нејзиниот брат и татко да ја спасат. Но тоа не го спречило 36 годишникот да продолжи, па и нив им се заканувал со ножот. Дури излегол од куќата и од боксот го пуштил во двор своето куче од расата “шарпланинец” кое ги нападнало таткото и братот. Кучето гризнало еден од оштетените на надлактицата и потколеницата, нанесувајќи му телесни повреди.

Имајќи ги предвид сите дејствија на осомничениот, околностите што очигледно укажуваат на опасност од бегство, како и стравувањето дека тој би можел да ги повтори дејствијата на семејно насилство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, велат од обвинителството.

Во последниoт период, забележан е пораст на пријави на семејно насилство. Според полициските извештаи, во мај оваа година пријавите за насилство се зголемени за 70,5% споредбено со истиот месец минатата година, при што како најчести форми на насилство се јавуваат ,,телесна повреда” и ,,загрозување на сигурноста”. По трагичниот случај со смртта на младата мајка Ивана и нејзината ќерка, жртвите се охрабрија се повеќе да пријавуваат доколку имаат насилник во своја близина. Oд потешките кривични дела врзани со семејно насилство во посочениот период се издвојуваат убиство во Битола и две тешки телесни повреди, а вкупно е пријавено 191 кривично дело.

Ана Минин