Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Поставени нови 72 знаци и патокази во Национален парк „Пелистер“

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ постави нови  72 знаци и патокази на новата кружна шеснаесет километарска патека која го поврзува Инфоцентарот на НП Пелистер со Цапарски вир и Ротинско езеро. Од ЈУНП „Пелистер“ информираат дека со новата сигнализација, патеката е лесно достапна и за помалку искусните посетители на НП Пелистер. -На 13 јуни ќе биде […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ постави нови  72 знаци и патокази на новата кружна шеснаесет километарска патека која го поврзува Инфоцентарот на НП Пелистер со Цапарски вир и Ротинско езеро.

Од ЈУНП „Пелистер“ информираат дека со новата сигнализација, патеката е лесно достапна и за помалку искусните посетители на НП Пелистер.

-На 13 јуни ќе биде промовирана новата планинска патека на Пелистер со голем музички настан на Ротинско езеро под името Протокол Мираж. Новиот шенаесет километарски круг го поврзува Инфоцентарот на НП Пелистер со Цапари и Ротино, а ќе биде промовирана и нова кружна планинска патека која започнува од Цапари и води до еден од најубавите природни видиковци на Пелистер, наречен Лоша Стена, информира Иванчо Тошевски, директор на ЈУНП „Пелистер“-Битола.  

Реклама

Промотивниот настан ќе го организираат PROJECT 7000 и ЈУ Национален парк Пелистер со поддршка на Екстрим бајк Битола, Велосипедска Федерација на Македонија и Федерација за планинарство на Македонија.