Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во Царината е единствен

Стефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинската управа од СДСМ, наместил тендер за одржување хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од свиркачи дознаваме дека Богац ќе добиел 10 % од тендерот, кој самиот го наместил. Инаку, тендерот бил во вредност од 18 милиони […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинската управа од СДСМ, наместил тендер за одржување хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од свиркачи дознаваме дека Богац ќе добиел 10 % од тендерот, кој самиот го наместил.

Инаку, тендерот бил во вредност од 18 милиони денари, па ако на Богац му биле ветени 10 %, тоа значи дека тој ќе инаксирал 1,8 милион денари.

Реклама

Според ова, се разоткрива уште една тендерска шема на СДСМ, а Венко Филипче, како и за сите претходни, не се оградува и не осудува.

Која е мерната единица на СДСМ и Филипче за да осудат каков било криминал? Ако ова не го сметаат за криминал, колку државни пари требало да украде Богац  за да ја премине границата и Филипче да се огради?

Го повикуваме ЈО да истражи дали ова е единствениот тендер што Богац го наместил за време на мандатот како директор.