Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Објавени новинарите добитници на наградата „Гласник на невидливите“ за 2026 година

Заедно со седуммина свои колеги од други медиуми, новинарот на МИА, Слободан Иванов повторно е добитник на награда „Гласник на невидливите“ за 2026 година, втора година по ред, овојпат за написот „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата ‘Глаголички откровенија’ на Томе Даневски во КИЦ – Скопје“. Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) годинава […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заедно со седуммина свои колеги од други медиуми, новинарот на МИА, Слободан Иванов повторно е добитник на награда „Гласник на невидливите“ за 2026 година, втора година по ред, овојпат за написот „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата ‘Глаголички откровенија’ на Томе Даневски во КИЦ – Скопје“. Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) годинава по деветти пат ќе ги истакне новинарите кои пишуваат за „невидливите“, т.е. маргинализираните групи и заедници во македонското општество.

„Оваа година настанот ќе има поинаков карактер. Годинава сме домаќини на гости од 8 земји кои го спроведуваат истиот проект и комуникацискиот тим на Европската мрежа против сиромаштијата – ЕАПН. Освен доделувањето на наградите ова е исклучителна шанса да се запознаете со работата на колегите новинари и на мрежите против сиромаштија од другите земји, но и да се вклучите во дискусија на темата ‘Медиумите и Сиромаштијата – Гласно против тишината’. Ви благодариме на интересот и посветеноста да им помогнете на невидливите. Секој ваш збор, фотографија и видео даваат надеж дека еден ден ова општество ќе биде подобро за сите, оопшти МППС.

Жирито кое одлучуваше кому ќе се доделат одличјата, го кажа својот последен збор. Списокот наградени, по азбучен ред, го сочинуваат:

Реклама

1. Бојан Шашевски – за прилогот „Училниците уште не се ‘проветрени’ од дискриминацијата кон атипичните деца“;

2. Ирина Крстевска – за фотосторија „ГМП – Пат кон зависност и сива економија, наместо излез од сиромаштија?“;

3. Лени Фрчкоска и Марта Стевковска – „Женското е туѓа фамилија“;

4. Љубица Иванова – „Наставничката Маја е единствената вработена која се грижи за сите услови во училиштето во село Маврово“;

5. Магдалена Стојмановиќ-Константинов – „Замаглените лица на сиромаштијата“;

6. Михаил Милошевски – „Периките на хуманитарката Сашка Кузманова кои со пари не се купуваат“;

7. Слободан Иванов – „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата ‘Глаголички откровенија’ на Томе Даневски во КИЦ – Скопје“;

8. Сунчица Стојановска Зоксимовска – „Македонци на ‘фармацевтски туризам’ во Косово и во Србија за поевтини лекови“.

Доделувањето на наградите „Гласник на невидливите“ ќе се случи во вторник, 16 јуни 2026 година, со почеток од 18:00 часот, во „Коворк-21“ на адреса ул. Македонија бр. 8 Скопје (бившо кино Вардар, сега приземје на ТВ21).