Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Кампања за заштита од пожари на Плоштад Македонија

ЈП „Национални шуми“ во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе одржи едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари. Настанот ќе се реализира на Плоштад Македонија, во периодот од 11 до 13 часот. Кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари е зголемен. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈП „Национални шуми“ во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе одржи едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари. Настанот ќе се реализира на Плоштад Македонија, во периодот од 11 до 13 часот.

Кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари е зголемен. Главната цел е подигнување на јавната свест и унапредување на противпожарната култура кај граѓаните од сите возрасни групи.

Фокусот ќе биде ставен на заштитата на шумите и зелените површини во Скопје, вклучително и парк-шумите, парковите и туристичко-излетничките места во околината, како и спречување на пожари што можат да предизвикаат материјални штети.

Реклама

Во рамки на кампањата ќе се делат едукативни флаери и постери, а во реализацијата ќе бидат вклучени и ученици од основните училишта во Скопје, кои ќе помогнат во информирањето на јавноста за превентивните мерки против пожари.