Во Собранието денеска ќе се одржи работилница на тема: „Градење доверба во управување со јавниот долг на Македонија преку зголемена транспарентност и отчетност“.
Настанот е во организација на Канцеларијата на Светската банка во Македонија, а ќе учествуваат членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за финансирање и буџет.
