– Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за здравство и Законодавно-правната комисија.
Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е јавната расправа за
Предлог законот за парничната постапка, со европско знаменце.
Членовите на Комисијата за здравство и на Законодавно-правната комисија на две одделни седници ќе го разгледаат Предлог законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање и со европско знаменце.
