Реклама

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Македонија

Марјан Даскаловски се повлече од челната позиција на Општинската организација на СДСМ во Струмица

Долгогодишниот претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, се повлече од функцијата. Тој за својата одлука веќе го известил претседателот на партијата, Венко Филипче, а информацијата ја сподели и преку социјалните мрежи. Даскаловски појаснува дека неговото повлекување од лидерската позиција во едно од најсилните партиски упоришта на СДСМ е мотивирано од лични […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долгогодишниот претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, се повлече од функцијата. Тој за својата одлука веќе го известил претседателот на партијата, Венко Филипче, а информацијата ја сподели и преку социјалните мрежи.

Даскаловски појаснува дека неговото повлекување од лидерската позиција во едно од најсилните партиски упоришта на СДСМ е мотивирано од лични причини.

„Оваа одлука ја носам со мирна совест и чисто срце, воден пред сè од лични причини. Изминатиот период беше исполнет со многу работа, заеднички победи, но и предизвици со кои се соочувавме секогаш со крената глава и со мисла за доброто на Струмица“, нагласува Даскаловски.