Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство, невистинити се тврдењата дека процесот се води зад „затворени врати“, велат од Министерството за правда

Министерството за правда констатира дека Дејанчо Цветановски од ЛДП пласира невистинити и тенденциозни тврдења во врска со работата на Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик. Особено, како што велат, е нејасно како Цветановски зборува за процес што наводно се водел „зад затворени врати“, кога токму тој како  претставник на ЛДП активно учествува […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за правда констатира дека Дејанчо Цветановски од ЛДП пласира невистинити и тенденциозни тврдења во врска со работата на Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик. Особено, како што велат, е нејасно како Цветановски зборува за процес што наводно се водел „зад затворени врати“, кога токму тој како  претставник на ЛДП активно учествува во работата на групата, присуствува на состаноците и има можност директно да ги изнесе своите ставови и предлози.

-Работната група функционира транспарентно, со учество на претставници на парламентарните политички партии и независни пратеници. Секој предлог и од институциите и граѓанскиот сектор е разгледуван и дискутиран, а процесот се води исклучиво во насока на усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Оттука, обидите за создавање перцепција дека процесот е нетранспарентен претставуваат политички спин кој не соодветствува со фактите. Факт е дека Цветановски беше дел од дискусиите, ги слушна сите аргументи и имаше еднаква можност како и останатите учесници да придонесе во процесот, информираат од Министерството за правда.

Нагласуваат дека Министерството останува посветено на инклузивен, отворен и демократски процес и оти ги повикува сите учесници наместо политички квалификации да придонесуваат со конструктивни предлози во интерес на граѓаните и на изборниот систем.